Од куќа во куќа до пола милион денари - млад струмичанец пустошел 4 месеци

 

22 годишниот струмичанец Д.С. си заработи кривична пријава, откако за 4 месеци опустошил 16 струмички куќи.

Според информациите од полицијата, струмичанецот од август 2013 до крајот на годината, со насилно кршење на врати и прозорци, како и преку отворена врата од тераса, извршил кражби во 16 куќи. Тој украл паричници и ташни во кои имало денари, девизи, лични документи, златен накит и мобилни телефони, збогатувајќи се со околу 545.500 денари. 

 

09.01.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега