Македонија на врвот на Балканот по бројот на пушачи

 

Македонија и Босна и Херцеговина се најдоа меѓу државите со најголем број на пушачи во Европа, но и во светот, покажуваат резултатите на истражувањето на група професори од американскиот Универзитет во Вашингтон кое опфатило вкупно 187држави.

Истражувањето кое го предводеше Институтот за метрика и евалуација на здравството, покажува дека во регионот на Балкан, најмногу пушачи, односно 37 проценти од вкупното население од Македонија пушат цигари.

Веднаш зад Македонија се најде Босна и Херцеговина со 32% пушачи, Хрватска со 31%, Србија и Црна Гора со по 27% и Албанија со 21%.

Во Грција 38% од населението пуши цигари, во Бугарија 36%, Романија и Унгарија по 28%, Турција 26%, Словенија 24% и Словачка со 23 %.

Во Германија има 25% пушачи, Велика Британија има 22%, Франција 22% и Шпанија 26% од населението.

 

09.01.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега