Воопшто не пеел и работел на градилиште - приказната на Кајмакоски го потресе Жељко Јоксимовиќ

Животната приказна на Македонецот Даниел Кајмакоски го потресе неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ. 

Познатиот српски пејач Јоксимовиќ откри дека многу се потресол кога Даниел му раскажал дека три години воопшто не пеел и затоа сега има проблем со изговорот на неанглиските песни. Даниел вели дека се посветил на работата на градилиште бидејќи видел дека нема фајде од музиката.

За среќа, вели Јоксимовиќ, големата пауза не оставила трага на музичкиот потенцијал на Даниел, потенцирајќи дека е радосен што публиката го препознала големиот талент кој го поседува стружанецот.

-Горд сум што си во мојата група, далеку ќе стигнеш. Ти си вистински претставник на својот народ, му се обрати Јоксимовиќ на нашиот Даниел.

Македонскиот талент го пофали и Емина Јаховиќ.

-Знаеш што се случува кога ти ќе запееш? Доаѓаш, пееш и се подигнуваш на повисоко ниво и си одиш, рече Емина. 

09.01.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега