Претседателските избори на 23 март - кои кандидати ќе ја бараат довербата?

Процедурите велат дека изборниот процес треба да се спроведе во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, а Иванов функцијата ја презеде на 12 мај 2009 г. Според тоа последните две недели од март се најоптимални термини за одржување на избори. Кампањата треба да стартува во првата седмица од март, а новиот шеф на државата би требало да биде инаугуриран во мај

23 март или последната недела, на 30 март, ќе се бира новиот шеф на државата. Според информациите на ВЕЧЕР, кон крајот на овој месец собранискиот спикер Трајко Вељаноски ќе ги распише претседателските избори, а дотогаш пред пратениците ќе се најдат уште неколку нови закони. Засега е неизвесно дали со заедно со изборите за претседател ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.

Пред распишувањето на изборите Собранието треба да ги усвои измените во медиумските закони, но и измените во Изборниот законик, според препораките од ОБСЕ - ОДИХР. Процедурите велат дека изборниот процес треба да се спроведе во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, а Иванов функцијата ја презеде на 12 мај 2009 г. Според тоа последните две недели од март се најоптимални термини за одржување на избори. Кампањата треба да стартува во првата седмица од март, а новиот шеф на државата би требало да биде инаугуриран во мај.
Кандидатурите за претседателската функција ќе бидат познати кон крајот на февруари или најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Целата анализа прочитајте ја во Вечер

09.01.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега