Леонардо ди Каприо за влакно избегал од ајкула

Познатиот актер Леонардо ди Каприо за време на снимањето на филмот „Крвав дијамнат“ се преплашил до смрт кога нашол во кафез со ајкули.

“Целиот живот се плашам од морски кучиња, па замислете како ми беше на снимањето на „Крвавиот дијамант“ кога се најдов “очи во очи“ со бела ајкула. Истовремено беше и совршено и страшно”, изјавил Леонардо во телевизиско шоу.

За време на снимањето ајкулата го пробила капакот на кафезот за кој била врзана туната, со која ја мамеле и била пола внатре, пола надвор, сподели актерот.

“ Снемав здив од страв, почнав неконтролирано да голтам вода, а ајкулата за малку ќе ме растргнеше. Среќа, се добро заврши”, вели преплашениот актер во телевизиското шоу.

09.01.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега