Во Франција легализиран лек од канабис

Како што јавува дописникот на МИА од Париз, Агенцијата за лекови на Франција и Министерството за здравство дадоа дозвола за пуштање во употреба на лекот „Сативекс“ кој воедно е и првиот лек направен од канабис.

Странува збор за спреј за уста што е направен врз база на канабис, и што се користи за третман кај болните од мултиплекс склероза.

Најверојатно овој лек ќе започне да се користи во Франција во 2015 година.

09.01.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега