Обама на разговор со шефовите на разузнавачките служби

Претседателот на САД, Барак Обама денеска се сретна со шефовите на НСА, ЦИА, ФБИ и директорот на националната разузнавачка служба во рамки на серијата разговори со претставниците на двете страни во дебатата за воспоставувањето рамнотежа меѓу приватното и националната безбедност, пренесува Танјуг.

Според изјавата на портпаролот на Националниот совет за безбедност Кетлин Хајден, ова е единствена можност за претседателот, тој директно да разговара со својот тим додека се подготвува да донесе конечна одлука за тоа во кој правец ќе оди со клучните програми за собирање разузнавачки податоци, изјави портпаролот на Националниот савет за безбедност Кетлин Хајден.

На овој разговор присуствувал и американскиот потпредател Џо Бајден, како и државниот обвинител Ерок Холдер.

До крајот на јануари се очекува Обама да ги изнесе своите заклучоци за запирањето на масивната програма за прислушкување, што ја спроведувала НСА, а што ја обелодени нејзиниот поранешен службеник Едвард Сноуден.

09.01.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега