"Мамо го видов Исус" - сведоштво на детенце кое "се вратило од мртвите"

Приказните и сведоштвата на лица кои застанале очи во очи со смртта се најразлични, а една од нив доаѓа од четиригодишно детенце од Америка. Мајката на детенцето по име Кенеди раскажува дека се започнало кога биле на една забава близу базен.

- Ги сместивме нашите пет дечиња па тргнавме да јадеме. Мојот најмал син Кенеди седеше на еден од пешкирите. Откако јадевме забележав дека кенеди веќе не е тука. Не го гледав, барав но не можев да го најдам. Прегледав насекаде. Срцето ми застана не можев да погледнам на дното од базенот. Едно од нашите дечиња започна да вика дека неговото братче е на дното на водата, се присетува мајката.

Таа и таткото веднаш истрчале до базенот а таму ги очекувал вистински хорор кога го виделе своето дете како неподвижно лежи на дното. Четиригодишното момченце било веднаш однесено во болница, а таму докторите се обидувале да го повратат во живот. Кенеди имал клиничка смрт, а педијатарот предвидел дека и да преживее ќе дојде до големо оштетување на мозокот.

За среќа, момчето успеало да преживее, а кога ги отворило очињата и раскажало се што видело на неговата мајка.

- Мамо, таму беше Исус со многу ангели. Тие имаа долга бела облека...а имаше и врата пред која стоеја. Зад вратата имаше вулкан и змеј, а и луѓе кои беа тажни. Стоев на стакло, вели малото момче.

Детенцето додало и дека кога се отворила вратата неговиот вујко кој таму бил заедно со него го турнал назад и тој ги отворил очите.

09.01.2014 - 09:41
Фото: 
скавадарци

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа