„Приказни од Мјаукедонија“ на Игор Џамбазов промовирана пред скопските средношколци

 

Денеска актерот и шоумен Игор Џамбазов го промовираше својот роман „Приказни од Мјаукедонија – исповед на една провинцијалка“ во гимназијата „Алгоритам“ во Скопје.

- Книгата „Приказни од Мјаукедонија – исповед на една провинцијалка“ е прва книга на мојата мачка Емилија Џамвазова, со уметничко име Бавчанска. Тоа е всушност дневник за 2012 година што го води таа, во кој ни ги наоѓа сите маани и грешки што ние луѓето ги правиме на оваа планета и си ги правиме себе си, рече Џамбазов и додаде оти книгата е пишувана една година.

- Младите купуваат книги и тоа особено ме израдува. Младите застануваа, се распрашуваа, ги прелистуваа книгите, прашуваа за цена, потенцира Џамбазов за годинашниот Саем на книгата.

 - Работам со мојот бенд, патуваме низ Македонија, свириме и создаваме нови песни. Почнав нова книга, рече Џамбазов.

ФОТО: Дневник

најчитано сега