Пред неговото убиство Кенеди планирал воен напад врз Бразил

Според францускиот весник „Фигаро“, американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди 46 дена пред неговото убиство планирал воен удар во Бразил, во Далас на 22 ноември 1963 година.

Кенеди во еден разговор со амбасадорот во Бразил, Линколн Гордон на 7 октомври 1963 година вели : "Дали сметате дека не очекува ситуација, во која ќе се наметне ние самите да интервенираме со воена сила?".

Амбасадорот одговорил дека ситуацијата е вознемирувачка и дека може да се наметне потреба од „брза реакција“, пренесува „Фигаро“.

Тој истакнува дека треба да се чекаат јасни знаци дека бразилската влада се ориентира кон неодамна дојдениот на власт режим на Фидел Кастро. „Комунистичката зараза“ силно го мачи Вашингтон во екот на Студената војна и американските политичари се сомневаат во сите леви Влади во Латинска Америка, дека сакаат да влезат во орбитата на влијание на Москва, наведува францускиот весник.

Записот, направен од тајните служби на САД на барање на самиот претседател, е објавен на сајтот на бразилскиот новинар Елио Гаспари.

 

09.01.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа