Имами: Спорот со името да се реши што е можно поскоро
Интеграцијата на Македонија во НАТО не е важна само за државата, туку и за целиот регион, и затоа ние непоколебливо го поддржуваме нашиот источен сосед кон остварување на таа цел, изјави албанскиот министер за Одбрана, Арбен Имами по средбата со неговиот македонски колега, Талат Џафери.
Се надеваме дека ќе се најде решение за спорот за името што е можно поскоро, додаде албанскиот министер за Одбрана.
Имами рече дека очекува да има добра соработка со Македонија.