Не очекува врело лето без дожд

 

Пред нас е врело лето со многу малку дожд. Дневните температури во јули и во август нема да се спуштат под 30 степени, а потопол од обично ќе биде и септември, стои во долгорочните временски прогнози на сите балкански метеоролошки центри.
Според нивните анализи, ова освежување во мај ќе биде последното за ова лето, а високи температури ќе имаме се до есента. Прогнозите на српскиот хидрометеоролошки завод велат дека температурите во летните месеци ќе бидат за околу 1,5 степени повисоки од повеќегодишните просеци.
Слични прогнози дава и хрватскиот Хидрометеоролошки завод, кој предвидува дека летото 2013 ќе биде најтопло до сега. Вчера медиумите го пренесоа и предупредувањето на британските метеоролози кои најавуваат пеколно лето.
Сепак, место за паника нема, објаснува српскиот мпетеоролог Недељко Тодоровиќ.
„Станува збор за циклус на природата, кој во климатска смисла се менува на 30 години. Температурата благо расте во период од 3 децении, а потоа, исто такак благо опаѓа. Не се тоа драстични порасти и падови, туку во просек по околу половина до еден степен“ - вели Тодоровиќ во изјава што ја пренесе Блиц.

најчитано сега