Александра се отвори: Не сум елитна проститутка само сакам скапи автомобили

 

Александра Грдиќ, хрватска манекенка која што некогаш ја носела и круната за Мис на оваа земја, конечно проговори за неколкугодишните шпекулации дека се занимава со елитна проституција.

"За сето тоа толку се зборува, но можам да кажам дека сепак, овие тврдења веќе станаа бајки. Доколку приказните беа вистинити, јас веќе ќе имав 20 дворци, 50 Ферари автомобили, три хотели и воопшто немаше ниту да бидам тука, туку ќе уживав на Малдивите", изјави Александра во интервјуто за "RTL" телевизија.

Во својата изјава манекенката коментира и дека светот на моделингот не е толку сјаен каков што го замислуваат поголемиот дел од луѓето. "Можам да кажам дека навистина голем број на луѓе ме разочараа, и тоа онака, лицемерно, кај нас се е лажно... Навидум сите се во одлични односи, но всушност никој не се сака со другиот, таквите навистина се ретки", признава триесет и тригодишната убавица.

 

 

Грдиќ признава дека сака да се дружи со мажите затоа што има многу заеднички интереси кои што ги споделува со нив. "Се дружам со момците затоа што го обожавам спортот, обожавам фудбал и обложувалници, обожавам добри автомобили, но не кога другите ги возат, туку кога јас ги возам! Дали момците биле непристојни кон мене? Па имало и такви, има некои кои немаат ниту култура, ниту некакви обѕири, па знаат сешто да ти кажат и направат", се пожали поранешната мисица.

08.01.2014 - 22:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега