Во страшна сообраќајка загина таткото на Владе Дивац

Миленко Дивац, татко на прославениот кошаркар Владе Дивац, загина во тешка соораќајна несреќа која се случила попладнево околу 16 часот на патот Чачак - Ужице кај месот Овчар Бања во Србија. ВО несреќата е повредена и мајката на Владе Дивац, Радмила, која според неофицијалните информации управувала со возилото.


Според она што го пишуваат српските медиуми, автомобилот од се уште непознати причини излетал од патот и удрил во бетонски столб. Миленко Дивац со тешки повреди е префрлен во болница но 77 годишниот маж не усепал да преживее. Радмила Дивац е надвор од животна опасност.

07.01.2014 - 21:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа