Сред село се шетале вооружени до заби - полицијата се занимаваше со двајца млади тетовчани

Полициски службеници од Теарце завчера вечерта затекнале двајца млади тетовчани, Г.М. и Л.А. кои низ тетовско Јелошник се шетале со  пушка „Steyr“ М-95, осум боеви куршуми кал.7,9мм и 25 боеви куршуми кал.7,62мм, гасен пиштол „Рецк“кал.8мм со рамка без куршуми.

Тетовчаните биле приведени, а полицијата  ги натерала и да “пропеат“ за оружјето. Момчињата откриле дека кријат автоматска пушка во напуштена куќа во село Пршовце. По обавениот разговор со Г.М. и Л.А., полицајците се упатиле кон местото кое им го откриле момчињата и таму пронашле автоматска пушка и оквир со дваесет и девет (29) куршуми кал.7,62мм. 

Момчињата биле предадени на тетовската полиција за понатамошна постапка.

07.01.2014 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа