Момчето на Росица открива детали: Заедно дошле до домот, а потоа започнал ужасот
Сведок на крвавата љубовна разврска во Велес, бил актуелното момче на убиената Росица К. (31 год), дело кое го сторил нејзиниот поранешен партнер Илија С (39 год) од Скопје, во напад на љубомора. Реконструкцијата на убиството според повеќе релевантни извори е дека, сторителот Илија С. дошол во домот на таткото од неговата поранешна девојка Росица К., каде прво го убил татко ѝ Киро К (74 години), пренесе СДК.МК.
Дали Илија ѝ се јавил на Росица да дојде да го види татка си, или таа дошла самоиницијативно оти не ѝ се јавувал на телефон, ќе открие вештачењето на двата пронајдени мобилни телефони, на местото на злочинот во куќата на ул. Кочо Рацин бр. 6.
Росица дошла заедно со нејзиното момче и го пронашле мртов на каучот татко ѝ Киро К.
-Тогаш девојката ја нападнал поранешниот партнер, Илија С., ѝ задал шест убодни рани со нож, од нив две во вратот. Неа во прегратки трчајќи ја изнел пред куќата во дворот, сегашниот дечко, дошла Брза помош и ја пренело девојката во Велешката болница. Илија се заклучил во соба, па со шест убоди од нож во врат, се самоповредил. Итната помош и него го пренела во Велешката болница. И во двата случаја, обидите за реанимација траеле по 45 минути за двете повредени лица, но не дале резултат, пренесе СДК.МК.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес дало наредба за вештачење на пронајдените предмети, а телата се предадени на обдукција. Оваа институција немала добиено известување дека Илија С. не ги почитувал изречените мерки. Постапката за неизвршување на судска одлука била во тек.
Утрово Обвинителството ја добило судската пресуда од Основен суд Велес, за двете кривични дела за кои му се судело, а ги извршил пролетта над Росица – загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство од 20 февруари и за насилство од ноќта на 3-4 март годинава. Обвинетиот добил условна затворска казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа