Северина е газдарица на порталот кој ги објави првите фотографии од порно-филмот

Хрватската пејачка Северина неодамна забележала судска победа во Државниот завод за интелектуална сопственост, во процесот против фирмата „Прва страница" која го поседува еден од најпопуларните хрватски веб-сајтови – „Индекс".

Според сознанијата на „Јутарњи лист“, правосилноста на одлуката настапила на 5. јануари. Сега експертите ќе ја проценат реалната вредност , па Северина својата отштета ќе ја наплати со продажба на брендот „Индекс" на јавна аукција.

Ова значи дека судбината на веб-сајтот „Индекс“ на авторот Матија Бабиќ може да се движи во два правци: или сопственик на името „Индекс" да стане некој друг издавач кога брендот ќе биде понуден на јавно наддавање, или, хрватската дива Северина да остане сопственик на трговската марка.

07.01.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега