Заев и Шекеринска повикани на рапорт во Брисел

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска се повикани на рапорт во Брисел, пишува Курир.

Според дипломатски извори на кои се повикува Курир, Заев и Шекеринска деновиве ќе се сретнат со функционери од Советот на ЕУ и Европскиот Парламент. На средбите се очекува најмногу да се зборува на две теми.

Првата е спорот за името со Грција, на која, според Курир, Брисел ќе побара СДСМ да продолжи да прави притисоци на најразличен вид за името, како што веќе ветувала Радмила Шекеринска уште во времето кога Бранко Црвенковски беше шеф на државата.

Втората тема, пишува Курир ќе биде Изборниот законик, односно ќе биде побарано СДСМ да не поставува нерационални барања.

06.01.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега