14 загинати во стампедо во џамија

 14 лица загинаа, а 10 се повредени во стампедо кое настана за време на собир во една џамија во северозападниот дел на Кина.

Стампедото изби за време на традиционалното делење храна на луѓето кои се собраа во провинцијата Нингсја, на комеморација на локалниот верски водач, јави кинеска агенција „Ксинхуа“.

Меѓу повредените, кои се хоспитализирани, четворица се во критична здравствена состојба.

Нингсја е дом на народот Хуи, малцинство кое зборува кинески и мнозинството се од муслиманска вероисповед.

06.01.2014 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега