Швајцарија: Лавина уби четворица скијачи

Четворица скијачи загинаа, а еден се здоби со тешки повреди кога вчера серија лавини ги погодија Алпите во јужна Швајцарија, јавуваат денеска швајцарските медиуми.

Три лица, меѓу кои и еден водич ,загинаа кога лавина падна врз крос-кантри скијачи во кантонот Вале. Еден 34-годишен маж загина кога во тој кантон скијал надвор од означената патека.

Со ова, бројот на жртви од лавини во Швајцарија за време на оваа зима се искачи на 11 лица. 

06.01.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега