Драма во Битола: Полицијата симна маж од бесилка
Вистинска драма се случувала во Битола. На 2 јануари во битолската полиција било пријавено дека истиот ден околу 16:30 часот, во битолското село Крстоар, непознато лице се обидувало да изврши самоубиство со бесење.
Од страна полициски службеници излезено е на лице место каде бил затекнат 65- годишниот А.С.
Еден од полициските службеници без да биде забележан од А.С. се качил на терасата, го фатил и го пресекол кабелот при што истиот е симнат од терасата и со возило на Итна медицинска помош е однесен во Клиничка болница Битола, каде е задржан на лекување.
05.01.2014 - 00:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа