Нова снимка од падот на Шумахер - Германецот скијал со 20 километри на час?

 

Само 20 километри на час била брзината во моментот кога паднал 7 кратниот светски шампион Михаел Шумахер, тврди за германски Шпигл, 45 годишен Германец кој тврди и дека поседува снимка од несреќата. Тој за весникот изјавил дека сосема случајно го „фатил“ Шумахер додека ја снимал својата девојка.
„Све се случи многу споро. Скијаше со брзина од околу 20 километри на час“ - рекол сведокот за угледниот германски весник кој тврдел дека по падот, Шумахер со глава удрил во камен.
Состојбата на Шумахер и натаму е критична иако негови блиски пријатели за медиумтие даваат изјави, дека таа се подобрува и дека тој веќе не е во животна опасност.

04.01.2014 - 23:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега