Какво момче си посака Северина за 2014 година?

Хрватската пејачка Северина има само две желби за 2014 година. За своето синче Александар таа посака сестричка, а за себе духовит фраер кој ќе знае да ја насмее.

Северина дефинитивно не беше скромна. Не си посака здравје и среќа туку уште едно детенце, како и некој кој ќе влезе во нејзиниот живот, со кој ќе може да се забавува и насмее.

За потсетување, претходно беше во врска со кралот на бакарот, Милан Поповиќ.

04.01.2014 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега