Амајлијата од сопругата му го спасила животот на Шумахер

Сопругата на Михаил Шумахер, Корина, која 24 часа е со него и е во многу тешка психичка состојба откако тој се наоѓа во кома во болница, му подарила амајлија на која ги има изгравирано иницијалите на сите членови од семејството, која на славниот возач на Формула 1 му го спасила животот во 1999 година.

Амајлијата саканата на Шумахер му ја подарила уште во 1995 година кога се венчале, а тој со него ја носи на секоја трка за да го заштити од опасности. Легендарниот возач ја носел со себе за време на првата несреќа во во 1999 година кога се заби во ѕид со брзина од 107 километри на час. Потоа, Шумахер изјави дека во 2004 година амајлијата му помогнала да победи. 

- Пред трката забележав дека си ја заборавив амајлијата од сопругата. Ја носам на секој натпоревар. веднаш ми ја донесоа. Без неа немаше да победам, изјави возачот.

Да се надеваме дека и овојпат Шумахер ќе се спаси и ќе ја добие третата и најголема трка со животот со помош на својата среќна амајлија.

04.01.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега