Во Мјанмар потона брод кој пренесувал 150 муслимани
Брод со 150 лица се превртел во обид да се спаси од ураган, пренесуваат властите на Мјанмар. Бродот во кој што имало рохигни муслимани, се превртел крај бреговите на градот Пауктау во покраината Ракхине.
Над десетици илјади Рохинги муслимани, кои Владата на Мјанмар не ги признава, живеат во бегалски кампови.
ОН вчера предупредија дека цивилите кои живеат во кампови во Аракана да се евакуираат пред ураганот Махасен.