Министерот Спасов изрази сочуство до семејството на Маја од Охрид
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска изрази длабоко сочуство до семејството на малолетната Маја Блажевска, која беше пронајдена мртва на планините над Охрид.
-Не е невообичаено во случај кога исчезнува малолетно дете од одредено семејство, стручните служби во одреден Центар за социјални работи да имаат мислење дека е жртва на трговија со луѓе или дека е киднапирана итн. Во однос на тоа дали се направени разговори- моите информации од Центарот за социјални работи во Охрид е дека се правени разговори, меѓутоа за понатамошниот тек на постапката со оглед на фактот дека се работи за загубен живот и во тек е истражна постапка, ве замолувам за сите детали да се обратите кон истражните органи, одговори Спасов на новинарско прашање .
За потсетување, Маја беше исчезната два месеци, а пред два дена беше пронајдена во фаза на распаѓање кај месноста „Натнасер бачила“ во атарот на охридското село Велмеј.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа