Запленета стока од Царината ќе им биде донирана на социјално загрозени граѓани

Над 72.000 парчиња разновидна стока која Царината ја одзела на граничните премини во прекршочна и во кривична постапка ќе им биде донирана на социјално загрозени граѓани. За ова денеска информираше директорот на Агенцијата за управување со одземен имот  Башким Амети.

Sе работи за околу 3.000 парчиња текстил, околу 2.500 обувки и други видови стока, како прибор и апарати за домаќинство, играчки...  кои граѓаните ќе може да ги добиваат од денеска заклучно до 10 јануари 2014.

Министерот Диме Спасов соопшти дека центрите за социјална работа се обврзани да ги извесатат граѓаните во социјален ризик да поднесат барање за добивање помош од запленетата стока, земајќи ги предвид идентификациските податоци за членови на домаќинството или семејството, бројот на членови  и податоци за условите на живеење.

- За бесплатно распределената и отстапена стока ќе се води точна евиденција која центрите а социјална работа ќе ја доставуваат до Министерството, каде ќе се содржат податоци за крајните корисници и количината и основот по кој е направена распределбата, рече Спасов. Тој очекува донација од запленетата стока да примат околу 10.000 семејства во Македонија.

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов рече дека тоа се должи на направените измени на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост и обезбедената согласност од претставниците чии трговски марки биле злоупотеребени, а некои  компании бесплатно учествувале во бришењето на брендовите на фалсификуваните производи - Се  работи за околу 2.500 парчиња спортски обувки, а другото е текстил. Друг вид стока засега законот не предвидува да биде предмет на отстапување доколку се работи за фалсификувана стока. Сите овие производи ги имаат поминато сите правни аспекти и се обезбедени документи од надлежните органи дека се безбедни и здрави за употреба, додаде Каргов.

04.01.2014 - 13:22
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега