Абортирала но и понатаму е бремена

Тинејџерката Шенон Скинер, која има само 19 години и е мајка на едно дете, отишла на медицински абортус во осмата недела на бременоста со второто дете. Таа и нејзиниот сопруг Ентони Хант се решиле за ваков чекор бидејќи сметале дека е премногу рано за да добијат и второ дете, бидејќи нивната прва ќерќичка Лејси има само девет месеци.

Абортусот се состоел од неколку дози на лекови кои таа редовно ги примала, но постапката не била успешна, што е еден од ретките случаеви. Кога почувствувала тешкотии и мачнини во стомакот таа направила тест за бременост кој бил позитивен, но тестот кој го направила кај доктор бил негативен, па тој ја посоветувал дека нема место за паника и дека овие мачнини кои ги чувствува се несакани реакции од абортусот.

Мислевме дека се е готово. Бев тажна поради абортусот, секогаш сум била против абортус, но јас и мојот сопруг немавме друго решение бидејќи имаме премногу проблеми и не сакавме бебето да се мачи вели мајката.

Постапката за абортус која Шенон ја превземала, не успева  само во еден од 30 случаи. Таа се уште има време да абортирасо хируршка интервенција, но одлучи да не го стори тоа.

04.01.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега