Драма во Битола: Се качил на тераса и се заканувал дека ќе се самоубие

Вистинска драма се одвивала пред два дена во Битола. Во полициската станица било пријавено дека засега непознато лице се обидувало да си го одземе животот.

Според податоците од полицијата, се работи за 65-годишниот А.С. од Битола кој се качил на тераса со кабел, по што за среќа, полициски службеник без да биде забележан, пришол до битолчанецот и му го исекол кабелот, а потоа го симнал од терасата и итно го пренел во болница каде и е задржан на лекување.

Засега не е познат мотивот поради кој А.С. сакал да се самоубие.

04.01.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега