Никој не сака да му пее Адил - пропаѓа ли кариерата на пејачот по инцидентот?

Познатиот српски пејач Адил, кој е во фокусот на вниманието на јавноста уште од почетокот на декември, поради претепување на неговата невенчана сопруга Ана, ќерка на Џеј Рамадановски, повторно дојде до микрофонот. Тој на новогодишниот настап во хотелот "Палас" во Петровац настапувал заедно со Јелена Розга.

Публиката била воодушевена од настапот на Јелена, која ја загреала атмосферата, но тоа не може да се каже и за настапот на Адил. Во текот на вечерта, од страна на гостите се слушале навредливи коментари, поголемиот број од публиката останале да седат на своето место, но имало и такви кои танцувале и уживале во неговите песни .

Некогаш целата публика танцуваше и пееше заедно со него, а сега е сосема поинаку, но сепак Адил е среќен што повторно се врати на сцената.

04.01.2014 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега