Сојузот на пензионери ја поздрави иницијативата за бесплатно скијање

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска ја поздрави иницијативата на ски-центарот „Заре Лазаревски“ – Маврово за бесплатни карти за скијање.

- Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија цени дека ова е убава  можност за сите пензионери кои се активни во зимските спортови. Како и секаде во светот, така и во Република Македонија, има многу пензионери кои активно спортуваат, па дури и за време на зимата, практикувајќи го белиот спорт.  Како највозрасни граѓани, сметаме дека заслужуваме вакви и слични поволности во насока на подобрување на нашиот живот во третото животно доба, соопшти Сојузот во дописот до медиумите.

04.01.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега