Се браневме од возачот на Брзата Помош кој ни извади шипка - малолетниците проговорија во полиција за новогодишниот инцидент во Скопје

„Еден другар беше повреден. Поминуваше Брза Помош и ние се обидовме да ја запреме. Но таа не одмина. Еден другар замавна кон возилото. Во тој момент возачот застана. Излезе од комбито и посегна по метална шипка. Тогаш го нападнавме“. Вака еден од малолетниците ја почнал својата приказна во полициска станица откако МВР успеа да ги пронајде петмината малолетници кои на новогодишната ноќ го претепаа 52 годишниот возач на Брзата помош во скопска Кисела Вода, дознава Press24 од доверливи полициски извори. 
Според нашите информации, покрај петмината малолетници во полициска станица ќе биде повикан и возачот. 
Во баналната расправија тој заработи сериозни повреди поради кои мораше да замине на операција на скопска Трауматологија. 

„Возејќи кон посочената адреса во Kисела Вода, првин наидовме на толпа луѓе, меѓу кои имаше дете, а веќе имаше и полиција и јас прашав: „Треба ли помош?“ Но ми рекоа дека не треба и продолживме уште 50-ина метри по улицата Марко Орешковиќ. Видов дека сме на бројот 74 и помислив дека малку подолу е и куќата број 66, со повик за пациент во кома, кога слушнав удар од назад. Помислив да не удривме во друго возило, но кога излегов надвор, видов искршено стакло на задната врата. Се свртев кога замавнаа и по мене со метална шипка. Среќа што успеав да ја кренам раката и ја заштитив главата, инаку којзнае каков удар ќе добиев... Тогаш се затетеравив, малку изгубив свест и сум паднал, а кога се освестив, видов дека четворица помлади лица, кои беа облечени во црни јакни, бегаат. Kога стасавме, солзи ми течеа од болка и само што влеговме во Ургентниот центар, колабирав! Не знам што е ова и зошто се случува некој да нападне екипа која оди да укаже брза помош на друг граѓанин, а ова е трет напад во декември на наша екипа. Ги ризикуваме секој ден животите возејќи ги возилата на брзата помош, тоа ни е работа, но не можам с` уште да се „освестам“ како некој може и да помисли да нападне без никаква причина возач на оваа служба“, изјави возачот за Дневник.

04.01.2014 - 11:47
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега