Заврши драмата на Антарктикот, заглавените патници конечно си одат дома

Австралискиот мразокршач со 52 патници, преземени од бродот окован во мраз на Антарктикот, денеска го продолжи патот кон дома, оставајќи ги зад себе другите два мразокршачи и натаму заробени во мразот.

Сите 52 научници, туристи и новинари од рускиот брод, во меѓувреме се евакуирани со хеликоптери во сигурните води до австралискиот владин брод „Аурора“, додека кинескиот мразокршач „Снежен змеј“, кој вчера замина во мисија на спасување и остана заробен во мразот, се уште е во замрзнатите води на Антарктикот.

"Аурора Аустралис" ќе ја продолжи прекинатата задача за снабдување со залихи на австралиските бази на Антарктикот пред враќањето во средината на јануари во австралиската островска држава Тасманија, со спасените научници, новинари и туристи.

04.01.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега