Денеска сонце утре дожд - какво ќе биде времето наредните денови?

 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност, а наутро по котлините со појава на утринска магла. Ќе дува и слаб повремен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од пет до 13 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на утринска магла, а попладне маглата ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во недела и во понеделник ќе се задржи значително облачно време со појава на локален дожд. Дождот ќе биде позначителен во западните делови од земјата.

Во понатамошниот период од неколку дена температурите ќе бидат доста високи за овој дел од годината и ќе има зголемена облачност. 

 

04.01.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега