Несреќа: Александар Белов со часови чекал помош на автопат

Иако на последниот ден од старата година Александар Белов доживеа мини незгода, сепак ги известува фановите дека место за паника нема, напротив, одлично ги поминал првите денови во новата година, Јавува Вечер

Не можеше поголем малер да ме снајде на крајот од старата година. На пат кон Гевгелија ми се расипа автомобилот, буквално останав сам среде автопат. Не ми беше пријатно со часови да чекам за да дојде помош која ќе ми го санира дефектот, сепак на крајот се се заврши добро, а јас стигнав на време на закажаниот настап. Не за џабе Владо во една од песните пее - што и да е ќе помине, така и бидна. Новата година не можеше поубаво да ми почне, новогодишниот настап ми помина одлично, атмосферата беше прекрасна секако благодарение на присутните. Овие денови ми поминаа одлично и долго ќе ги паметам", вели пејачот.

Инаку, Белов по кратката медиумска пауза најавува враќање на сцената, но откако ќе завршат празниците. За што станува збор, вели, наскоро ќе ги извести медиумите и фановите

03.01.2014 - 23:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега