Шумахер носел камера на кацигата - несреќата е снимена

Паралелно со лекарската грижа за Михаел Шумахер, француската полиција ја продолжува истрагата за инцидентот во кој Формула 1 легендата заработи тешки повреди на главата поради кои се уште е во кома, пренесува Дерби.

Денеска е потврдено дека Шумахер имал камера прикачена на својата кацига, па таа ќе биде дополнителна можност да се разјаснат деталите околу незгодата.
Досега, полициските сили имаа сознанија за постоењето на камерата, но ја добиле подоцна поради желбата на семејството на Германецот да ја заштити неговата приватност.
Истовремено, полицијата разговарала и со 14-годишниот син на Шумахер кој бил со него во моментите кога се случила несреќата во зимскиот центар Мерибел.

03.01.2014 - 23:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега