Тешка сообраќајка пред Кичево - шест лица повредени во запален автомобил

 

Четири девојки и две момчиња се повредени откако вчера околу 22 часот се првртело и запалило возило марка Ауди на патот Кичево - Гостивар. Според информациите, со автомобилот управувало 21 годишно момче од Скопје. Тој во еден момент ја загубил контролата над возилото, излетал од патот и се превртел, по што автомобилот се запалил.

 

Во несреќата со повреди се здобиле уште 2 девојки на 20 годишна возраст, една 23 годишна девојка и една 16 годишна малолетничка.

Најтешко поминал возачот кој поради посериозни повреди бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Останатите поминале со полесни пореди а едно 23 годишно момче е пренесено во охридката болница Св Ерзамо

03.01.2014 - 22:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа