Маја била жртва на трговија со луѓе?

Министерството за труд и социјална политика издаде соопштение во врска со случајот на малолетната Маја Блажеска од охридското село Лешани чие тело беше пронајдено во атарот на селото Велмеј, пренесува телевиизја Алфа.

 

Во врска со случајот на малолетната М.Б. од с.Лешани,  Центарот за социјална работа од Охрид постапуваше согласно со овластувањата од Законот за социјална заштита, односно со малолетната и со нејзините родители се разговараше во насока на утврдување на проблемот.

Врз основа на разговорите кој што ги водеше центарот се стекна впечаток, односно претпоставка дека има индиции за трговија со луѓе поради што во постапката беа применети стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија, односно веднаш е известен Националниот механизам за упатување, помош и заштита на жртвите на трговија со луѓе кој од моментот на исчезнување на малолетната, согласно со надлежностите и овластувањата ги презема потребните активности. 

03.01.2014 - 22:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега