ВИДЕО: Спортски новинар на среќа стана НБА ѕвезда

Спортскиот новинар Џек Армстронг „одигра“ значајна улога во НБА мечот меѓу екипите на Чикаго „Булс“ и Торонто „Репторс“.

Пред се поради тоа што најпрво во неговите раце стигна додавањето на кошаркарот на домашните Демар Дероузан, а потоа и тренерот на канадскиот тим, Двејн Кејси.

На почетокот на втората четвртина мала предност имаше тимотна Дероузан, кој заедно со Лаури се обидуваше да ја зголеми, меѓутоа неговото додавање го фати среќниот новинар.

Сепак, ова не беше се, обидувајќи се да стигне до топката Џими Батлер го турна предводникот на „Репторс“, Двејн Кејси, а повторно на вистинското место беше искусниот Армстронг.

Пред да почне да се занимава со новинарство, Армстронг бил тренер по кошарка на Универзитетот Нијагара од 1989-та од 1998-та година, а во сезоната 1992/1993, бил прогласен за најдобар стратег во Дивизијата 1 од американската колеџ лига.

 

03.01.2014 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега