Докторите на Шумахер: Никој не може да предвиди дали тој ќе преживее!

 

Докторите на Михаил Шумахер кој се наоѓа во болница по страотната несреќа на француските Алпи, при што е во вештачка кома, велат дека никој не може да гарантира дали легендата на Формула 1 ќе преживее по тешките повреди со кои се здоби на главата по што му е отстранет половина мозок.

Лекарите му отстраниле половина череп на легендарниот Шумахер за да го спречат крварењето во мозокот. Температурата му е смалена на 34 степени, а тој е во кома.

- Никој сега не може да каже и да знае дали ќе преживее Шумахер, велат докторите.

Инаку, денеска фановите на Шумахер се собираат пред болницата за да го одбележат неговиот 45 роденден.

03.01.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега