Не ставиле појас, зборувале на телефон и возеле пијани - шест сообраќајки во Скопје

Изминатото деноноќие се забележани помал број сообраќајни несреќи на подрачјето на Град Скопје. Како што јавуваат од МВР, со оглед на намалениот сообраќај деновиве, се регистрирани шест сообраќајни несреќи од кои три поминале само со материјална штета, додека во три од нив тројца патници се здобиле со телесни повреди.

Исто така, во текот на вчерашниот ден се санкционирани и четири возачи кои не ги почитувале правилата и поминале на црвено светло, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилата под дејство на алкохол, а за паркирање на автобуски стојалишта или, пак, на обележан пешачки премин санкционирани се 12 возачи, додека пет возачи биле санксционирани поради користење на мобилен телефон додека возат.

Пајакот отстранил 41 возило.

03.01.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа