Вечер: Жерновски славеше и си го остави ѓубрето зад себе (ФОТО)

И по два дена од новогодишната прослава што ја организира општина Центар за дочекот на Новата година на популарниот "Сквер Јадран" остатоците од забавата се уште можеа да се видат на местото. На фотографиите кои екипата на Вечер ги регистрираше вчера можеа да се забележат брда ѓубре, шишиња, амбалажи, кеси и други отпадоци. Граѓаните кои поминуваа преку овој плоштад мораа да одат цик-цак за да ги избегнат срчите. Општината очигледно заборавила дека не е битна само забавата туку и одговорноста кон животната средина и своите жители, па "Град во градот" на Жерновски вчера личеше на запуштено село.

03.01.2014 - 00:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа