Груевски: Улогата на татко не се опишува со зборови

 

„По неколку години, политичката маглата ќе падне и ќе останат делата па луѓето ќе расудуваат дали е добро. Децата би сакал да живеат во Македонија каде ќе има посреќни луѓе, поквалитетен  живот, повеќе можности за работа, образование и  забава, како што е во големите градови,“ изјави премиерот.

Во однос на семејството, Груевски истакна дека со сопругата и ќерките Анастасија и Софија сакаат да прошетаат на Водно, во Парк, во Центар. Секое слободно време го користи да си игра со нив. А, за улогата како татко вели дека тешко се опишува со зборови, туку само се доживува.

„Тешко се опишува со зборови.  Брзам порано да се вратам дома и кога можам повеќе играм и се забавувам со нив. Колку и да сум изнервиран, брзо поминува со едно „Ајде да си играме. Те чекам да си играме. “ Најчесто слободното време го поминуваме дома, во парк, на водно, во центарот на градот. Некаде каде што може да се трча. Се трудам обезбедувањето да не биде дел од нас, се бунат кога ќе наредам да си одат, но тие најечсто остануваат. И кога ќе им забележат тие знаат да одговар дека кога вип-от ќе ви рече да си одите, а правилата не дозволуваат, дозволено е и да се излаже,“ вели Груевски.

Премиерот потенцираше дека ќерките Анастасија и Софија се труди да не ги оптоварува со политика, а во однос на исполнувањетожелби за купување, вели дека се труди да им удоволи, но не премногу туку умерено.

„Добро е да се купуваат играчки, но не премногу туку умерено. Сакаме еднаков третман кон ќерките, да не бидат ништо повеќе ништо помалку. Ако имаат специјален третман, тоа ќе им штети. Се трудиме да го насочиме кон спорт, јазици и прошетки,“ изјави тој.

Во однос на Македонија, премиерот вели дека кај нас има паметни и интелигентни луѓе на кои им недостатсува иницијатива и самодоверба за да започнат нешто ново како во бизнисот така и во други области. Неговото мото е упорноста, да се докаже вистината и да се успее во сонот.

„По неколку години, политичката маглата ќе падне и ќе останат делата па луѓето ќе расудуваат дали е добро. Децата би сакал да живеат во Македонија каде ќе има посреќни луѓе, поквалитетен  живот, повеќе можности за работа, образование и  забава, како што е во големите градови,“ изјави премиерот.

Тој истакна дека како премиер она што понекогаш му недостасува се слободното време, анонимноста и повеќе време за спортски активности, семејство, забава.

Она што им порача на другите е да го извлечат најдоброто од себе и тоа да ги направи среќни.

02.01.2014 - 23:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега