Активни 354 авиони во светот: Кои компании го користат моделот на Боинг што се урна во Индија?
Авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со неколку стотици патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот во индискиот град Ахмедабад.
Во авионот имало 242 лица. Според агенцијата „Ројтерс“, во несреќата загинале повеќе од 290 лица, а меѓу жртвите имало патници и луѓе кои биле на местото каде што се урна авионот. Еден патник го преживеал падот.
354 авиони од истиот модел се уште се активни во светот
Авионот што се урна денес во Индија бил „Боинг 787-8“, оригиналната варијанта на „Боинг 787 Дримлајнер“, кој влегол во комерцијална употреба во 2011 година. Според податоците од платформата за авијациска аналитика IBA Insight, во моментов во светот се во употреба 354 авиони „Боинг 787-8“, со просечна старост на флотата од околу 10 години.
Авионот што се урна денес бил во употреба единаесет ипол години, што го прави малку постар од просекот и еден од првите „Дримлајнери“ во комерцијална употреба. По денешната несреќа, „Ер Индија“ сè уште има 26 авиони „Боинг 787-8“ во својата активна флота. Покрај нив, компанијата има и седум авиони „Боинг 787-9“ во употреба.
Кој го користи тој модел?
Моделот „Боинг 787-8“ најчесто го користат десет големи авиокомпании. Меѓу нив водат „Американ ерлајнс“ со 37 активни примероци, по што следуваат „Ол Нипон ервејс“ од Јапонија со 34 авиони и „Ер Индија“, која сега има 26 авиони од овој тип во својата флота.
„Бритиш ервејс“ (12), „Ер Европа“ од Шпанија (11) и кинеската „Хаинан ерлајнс“ (10) се исто така на врвот. Осум авиони користат неколку превозници – „Аеромексико“ (Мексико), „Ер Канада“ (Канада) и „ТУИ ервејс“ (Велика Британија) – додека израелската „Ел Ал“ има четири.
American Airlines (САД) – 37 авиони Boeing 787-8
All Nippon Airways (Јапонија) – 34 авиони
Air India (Индија) – 26 авиони
British Airways (Велика Британија) – 12 авиони 787-8
AirEuropa (Шпанија) – 11 авиони
Hainan Airlines (Кина) – 10 авиони
Aeroméxico (Мексико) – 8 авиони
AirCanada (Канада) – 8 авиони
TUI Airways (Велика Британија) – 8 авиони
ElAl (Израел) – 4 авиони
Овие податоци се базираат на информации од порталите Planespotters.net и Airfleets.net, кои ја следат состојбата на флотите на авиокомпаниите низ целиот свет, и порталот SimpleFlying.com, кој е специјализиран за вести од воздухопловството и анализа на индустријата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа