Сопругата на Шумахер во тешка психичка состојба: Не сум добро
Корина Шумахер, сопругата на легендата во најбрзиот спорт, Михаел е во лоша психичка состојба како и цело негово семејство. Сепак таа се обидува да испрати позитивна енергија до својот сопруг кој неколку дена е во кома, пренесе портпаролката на славниот германски возач.
“Корина не е добро но се обидува да биле силна поради Михаел. Таа му е поддршка во овие тешки моменти и се обидува да испрати позитивна енергија“ - изјави портпаролката Сабине Кем.
Корина и Михаел се венчаа во 1995 година а имаат и две деца, ќерката Џина-Марија (16) и синот Мика (14). По страшната несреќа цело семејство се наоѓа покрај Михаел.
Корина се занимава со одгледување и продажба на коњи. Целото семејство живее на имотот во Швајцарија.
Медиумите веќе објавија дека докторите го подготвуваат семејството за најлошото
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа