ФОТО: Светат свеќи пред болницата во која е Шумахер - лекарите го подготвуваат семејството за најлошото
Лекарите, кои будно ја следат состојбата на Михаел Шумахер, ги подготвуваат неговите роднини за најлошото. Ова го соопшти Sky Sport Italia. Состојбата на големиот Германец продолжува да биде алармантна. Како што е познато, Шумахер е во кома по падот за време на ски-спуст во француските Алпи.
Утре Михаел треба да го прослави 45-тиот роденден. Пред тоа лекарите постојано велеа дека не се подготвени да дадат какви и да било гаранции.
Сепак, еден од членовите на семејството на Шумахер, кој побарал анонимност, рече дека во приватни разговори лекарите споделувале пред роднините дека е малку веројатно спортист да излезе од кома.
Лекарите сметаат дека во таква состојба тој може да остане засекогаш. Во исто време братот на седумкратниот светски шампион во Формула 1 – Ралф, пристигна во болницата во Гренобл, соопшти Bild.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа