Италијанска морнарица спаси 223 имигранти

 

Италијанските власти соопштија дека доцна синоќа италијанската морнарица спаси 223 имигранти, најголем дел од Африка, од брод во немирните води на Средоземното Море, јужно од Сицилија.

Во соопштението се наведува дека имигрантите се спасени вчера, а денеска се пренесени во пристаниште во близина на Сиракуза, на источниот брег на Сицилија.

Меѓу имигрантите на бродот биле мажи и жени од Еритреја, Нигерија, Сомалија, Замбија и Мали, како и Пакистан. 

02.01.2014 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега