Меси ја откри неговата најголема желба за 2014-та година

Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси и понатаму ќе мора да одмара. Во интервју за тоа што сака од 2014 година тој одговори дека голема желба му е Аргентина да стане Светски шампион, а со Барселона да освои што е можно повеќе трофеи.

„Па најголемата од многуте желби е да останам здрав во целата година. Да можам нормално да играм фудбал и да не паузирам како сега. Опоравувањето поминува многу добро. Им се радувам на новогодишните празници. Навистина не знам кога би се вратил на фудбалските терени, но чувстувам дека се ближи тој момент. Се чувствувам навистина добро и им се радувам на следните тренинзи и натпревари кои ќе можам да ги одработам сосема нормално'', изјави тој.

02.01.2014 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега