Спасени се сите патници од рускиот брод на Антартикот

 

Kапетанот на бродот Игор Кисељов изјави дека евакуацијата на патниците од рускиот мразокршач Академик Шокалски успешно завршила.

Во хеликоптер се качија и последните патници и се упатија кон австралискиот мразокршач, изјави капетанот.

Австралиската служба за поморска безбедност потврди дека патниците пристигнале на мразокршачот Аурора Аустралис. Од рускиот брод, насукан на Антарктикот, беа евакуирани 52 лица. 

02.01.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега