Пијан битолчанец намерно прегазил полицаец па се обидел да избега
За време на новогодишната ноќ битолчанец предизвикал вистински хаос на улица откако бил запрен од полициски службеници. Инцидентот се случил на улицата “Цар Самоил” во Битола каде полициски службеник поради сообраќаен прекршок го запрел 31-годишниот Д.С. кој управувал “Голф”, но тој не ја почитувал наредбата, завртел со возилото, удрил еден од полициските службеници и се обидел да избега.
Битолчанецот бил фатен, а кај него било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,26 промили.
Битолчанецот ќе си заработи соодветна кривична пријава.
02.01.2014 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа